| четврток, 6 декември 2018 |

Повлечени млеко и млечни производи поради опасност од салмонела

Поради стравување дека постои опасност производите да бидат заразени со салмонела, француската влада соопшти дека издала наредба за повлекување од продажба на млеко и млечни производи на компанијата „Лакталис“ во Франција и во странство.

Како што стои во соопштението, станува збор за огромни количини на млеко и млечни производи од францускиот прехранбен гигант.

Повлечени се над 600 производи и забранета е нивна консумација и извоз.

Млеко и млечни производи на компанијата за кои постои сомнеж дека содржат салмонела има веќе извезено во Алжир, Бангладеш, Велика Британија, Грузија, Грција, Кина, Мароко, Пакистан и Романија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top