| четврток, 6 декември 2018 |

Гостин демолирал хотел во Илинден, па побегнал

Полицијата вчера околу 21:30 часот добила пријава дека во хотел во населбата Илинден, од страна на едно лицe кое било гостин во хотелот било извршено насилство.

-Лицето почнало да крши дел од инвентарот од ресторанот на хотелот и во еден момент кога вработените избегале во кујната, зело нож и почнало да замавнува кон нив. Потоа лицето, заедно со негов пријател со кој биле во хотелот, со возило го напуштиле местото на настанот, информираат од полицијата.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top