| четврток, 6 декември 2018 |

Поларните студови патуваат кон југ: „Керолајн“ ја замрзна Британија (ФОТО+ВИДЕО)

Во Велика Британија пристигнува „Керолајн“ снежна бура од Арктикот, која со себе носи силен ветар, снег и мраз, а се позивесно е дека ќе се прошири и низ Европа. Островското кралство се соочува со втора голема бура. Ветерот кој дува со брзина од околу 140 километри на час донесе мраз и снег кои траат веќе 10 дена, а температурите се спуштаат и до -12 степени.Се очекува бурата да се придвижи кон исток и да влезе во Франција, каде што за денеска е веќе издадено предупредување.

Како што пренесува Дејли меил, метеоролозите не се сигурни каде ќе се упати бурата, но повеќето мислат дека ќе продолжи кон југ и исток, кон Европа.

Веќе пристигнуваат драматични фотографии од цела Велика Британија. Возила завеани во снег покрај пат, силни виулици и најава дека врнежите од снег ќе се засилат во текот на денот.

Во Шкотска има снежна прекривка од 8 сантиметри. Иако температурите ќе се искачат и од 2-3 степени, поради силниот ветар, субјективното чувство ќе биде многу постудено.

Во повеќе подрачја на Велика Британија се издадени жолти метеоаларми. Околу 30 деца останале заробени кога големи бранови удриле во школски автобус , а едно лице починало кога врз него паднало дрво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top