| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган ги повика муслиманите на воздржаност по одлуката на САД за Ерусалим

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги повика муслиманите да останат смирени во нивниот одговор на признавањето на Ерусалим за главен град на Израел, од страна на САД.

Ердоган денеска изјави дека демонстрантите мора да дејствуваат во рамките на правото и демократијата.

Протестите во Газа и на Западниот Брег доведоа до судири, пренесува БТА.

Демонстрациите во Турција продолжуваат и денеска.

– Судбината на Ерусалим не може да биде оставена на окупаторска држава која ги узурпира палестинските територии од 1967 година, без да ги почитува законот и моралноста, изјави турскиот претседател.

Ерусалим за нас е зеницата во окото, рече Ердоган, и уште еднаш истакна дека светиот муслимански град е „црвената линија” за муслиманскиот свет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top