Српскиот претседателот Александар Вучиќ денеска во Белград се сретна со премиерите на Грција, Алексис Ципрас, на Бугарија, Бојко Борисов и на Романија, Михај Тудосе, во рамките на Високиот совет за соработка меѓу четирите држави.
Главен акцент на денешната средба беше поддршката на овие три членки на ЕУ за забрзување на европскиот пат на Србија преку економската соработка, но и на останатите земји на Западниот Балкан преку решавање на проблематичните односи.
Како што истакнаа тројцата премиери на Бугарија, Грција и на Романија на разговорите изразена е голема поддршка на Србија за евроинтеграциите и за нивното забрзување со надеж дека следната 2018 година, со бугарското председавање на ЕУ, може да биде пресвртница за евроинтеграциите на Србија, но и на другите земји на Балканот.
Српскиот претседател Александар Вучиќ на прес-конференцијата по средбата го потврди тоа, изјавувајќи дека „сите проблеми кои ги има Србија на европскиот пат појасно ќе се решат доколку ја има поддршката на Грција, Бугарија и Романија.
– Србија го штити мирот и стабилноста во регионот, изјави Вучиќ, а нејзин приоритет е економскиот развој, напредокот, европската иднина. Но ние нема да ги рушиме пријателствата кои со години ги градевме, додаде Вучиќ, мислејќи на Русија.
Околу европската перспектива, бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека „Балканот не е само географски дел на Европа, туку неотуѓив дел на европската идеја“, порачувајќи и на ЕУ дека „со Србија, Романија, Грција и Романија има предвидлив Балкан -кој нема да предизвикува проблеми“.
– Сакаме да ги почитуваме европските правила-владеењето на правото, слободата на говорот, поголеми плати и привлекување на инвестиции. Нашето пријателство не е вперено против никого, ниту против Русија, Турција, САД или ЕУ, само сакаме да привлечеме инвестиции, да можеме да градиме инфраструктура, бидејќи таму кај што се гради, нема војна, изјави Борисов.
Дека на состанокот на четирите лидери во Белград акцентот беше ставен на унапредување на економската соработка за сообраќајно, инфраструктурно и енергетско поврзување меѓу овие четири балкански држави потврди и грчкиот премиер Алексис Ципрас.
– Разговаравме за изградбата на гасоводот ТАП од Азербејџан, но и за гасоводот од Турција кон Грција, изградбата на лебдечки платформи кај Александропулос кој ќе стане чвориште, бидејќи се договоривме да изградиме вертикална оска која ќе го поврзе Трансјадранскиот гасовод со оваа вертикална оска кон Бугарија, Србија и Романија, изјави Ципрас.
Околу гасната интерконекција на Србија со Бугарија говореше и српскиот претседател Алекасандар Вучиќ
– За ова говореа и Ципрас и Борисов – за намерата на Бугарија да крај Црното Море изгради европски хаб од каде би доаѓале повеќе цевководи кои тука би се сливале – и од Турски тек и од Александропулос и од Романија, од каде и Србија преку Бугарија би земала гас, изјави Вучиќ.
Бугарскиот претседател Борисов, исто така, појасни во врска со гасната интерконекција изјавувајќи дека „тука не постои конкуренција и сите гасоводи се надополнуваат“.
– На регионот му е потребно повеќе гас и подобри транспортни коридори, изјави Борисов, додавајќи дека еднаш кога ќе ги имате сите поврзувања, тогаш тие мораат само да се прошират.
Од останатите проекти за кои разговараа четворицата балкански лидери, истакнато е и железничкото поврзување и модернизацијата на пругите Солун-Белград, како и поврзувањето на Солун и Кавала со Бургас и Букурешт и Белград со Софија-кон Истанбул.
Во духот на европското пријателство и безбедноста на Балканот кој го промовираа лидерите на четирите држави, Србија и Бугарија потпишаа договор за намалување на цените на роамингот, а романскиот премиер Михаил Тудосе веќе за март идната година го најави следниот состанок на четворката.
На прес-конференцијата беше спомената и Македонија од страна на грчкиот премиер, кој изјави: „Прашањето со Скопје, може во 2018 год. да донесе некои позивни случувања, долку новата влада во Скопје одлучи да направи позитивни чекори напред кон решавањето на овој проблем, доколку тие се откажат од реториката и од изјавите дека се единствени потомци на Александар Велики и не продолжат со иредентистичките ставови. Тогаш можеби и можеме да најдеме некое заедничко решение. Во тој случај јас ќе бидам првиот кој ќе ја гарантирам европската перпективност и безбедност на таа земја. Сакаме иднина за заеднички соживот. Сите страни мораат да презмат одредени чекори“.
– Треба да се икористи престојното претседавање на Бугарија со ЕУ, се надоврза бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој најави дека следната 2018 година може да биде одлучувачка за евроинтеграциите на Балканот и на Македонија.
– Сите земји се важни и не можеме без ниту една од тие земји. Мораме да го решиме прашањето на Скопје. Тоа е важна одредница во нашите односи, која со години причинуваше проблеми. Сега мораме да се обединиме и да и помогнеме на ЕК и на Брисел да донесе вистински решенија, а не да поставува одредени ултиматуми или избори. Сакаме да ја одработиме домашната задача, а до нив е дали ќе прифатат или не.
Ова е трета средба на лидерите на Србија, Бугарија, Грција и Романија, по состаноците во Солун и во Варна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст