Водата од Билјанини Извори е забранета за пиење,наодите од редовната котрола покажале дека во водата има присуство на бактерии кои предизвикуваат опасни последици по здравјето на луѓето.
Последната физичко-хемиска и микробиолошка анализа на Билјанините Извори покажа дека водата содржи патогени бактерии од типот на ешерихија коли и согласно правилникот за безбедност на вода, истата е микробиолошки неисправна и не е здравствено безбедна за пиење – укажуваат од Центарот за јавно здравје.
Од таму очекуваат надлежните инспекциски служби да постават табла со натпис кој ќе ги предупредува граѓаните да не пијат од водата. Проблемот со загадувањето на изворската вода од Билјанини е актуелен со децении. Просторот од каде што доаѓа водата на Билјанини Извори е оптоварен и со објекти и со септички јами кои порано функционирале, но порозноста на тлото, померувањето на тлото, конфигурацијата на теренот си го прави своето.
Дополнително загрижува и фактот што водата од Билјанини Извори се влева во Охридското Езеро и го загадува, нарушувајќи го водниот екосистем.
По поројните дождови од Центарот за јавно здравје извршиле анализа и на квалитетот на езерската вода од македонска страна. Резултатите покажале дека има одредено загадување.
Водата е неисправна за пиење и во голем дел од охридско-струшките селски средини кои ги менаџираат месните заедници. Инаку последните анализи на водата од гратскиот водовод во Струга која со денови беше матна и забранета за пиење, сега е исправна и може да се пие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст