| четврток, 6 декември 2018 |

Од автомобилите не остана ништо: Стравотни сцени од сообраќајката кај Ресен (ФОТО)

Автомобилите се смачкани, а неофицијално има и жртви, иако засега нема официјална потврда од МВР за вечерашната сообраќајка која се случи во близина на Крушје, на магистралниот пат Ресен – Охрид.

Неофицијално се судриле две возила, од кои едното било со вевчански, а другото со охридски таблици. На местото присутни се болнички, пожарникарни и полициски возила.

Инаку официјално од АМСМ е соопштено следново:

-Поради случена сообраќајна незгода сообраќајот на патниот правец Ресен-Охрид, кај местото Крушје е во прекин за сите возила во двата правци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top