Лидерот на Хезболах, шеикот Хасан Насрала повика денеска на голем протест в понеделник против одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел.
-Ги повикувам сите на огромен народен протест, да ја осудиме американска агресија и неправедно решение и да изразиме солидарност со палестинскиот народ, рече шефот на моќното либанско шиитско движење, кое е главен сојузник на Иран и заколнат непријател на Израел.
Шеик Насрала, исто така, ги повика жителите на 12 палестински бегалски кампови во Либан да протестираат.
– Судбината на Ерусалим е клучно прашање во конфликтот на Блискиот Исток, рече лидерот на Хезболах.
Тој предупреди дека одлуката на САД “ги става под закана исламските и христијанските светињи”, и повика „арапскиот и муслиманскиот свет да го поддржат новото востание на Палестинците и да им дадат политичка, финансиска и воена помош”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст