Македонската економија ги чувствува последиците од промената на власта, а со тоа и промена на економските политики на владата. Економијата од приоритет стана последна во низата грижи на власта. Растот на економијата во третиот квартал оваа година изнесува само 0.2% објави денес Државниот завод за статистика, што ако се земе во предвид растечката инфлација е еднакво на нула. Крвната слика на македонската економија е катастрофална, економијата е на колена веќе подолг период, за трите квартали оваа година економијата има вкупен пад за -0,4%.
Соопштението на Државниот завод за статистика повторно ја потврди лошата економска политика на СДСМ. Имено според официјалните податоци БДП во третиот квартал од 2017 година забележал раст од минимални 0,2%. Земено вкупно за првите три квартали оваа година вкупниот раст на економијата е во минус, односно имаме пад од – 0,4%.
Податоците кои ги објави Државниот завод за статистика се поразителни, имено според извештајот на ДЗС, бруто инвестициите забележале намалување од огромни 9,5%. Ваквиот податок укажува на процес на намалени инвестиции, ако се земе в предвид дека инвестициите во нови капацитети се тие кои го креираат растот и создаваат свеж капитал се доаѓа до заклучокот дека падот ќе продолжи и во иднина.
Индустријата, која е носечки столб на економијата забележува пад од 5,8%, а градежништвото има пад од 11.6%, падот во градежништвото пред се се должи на закочените инфраструктурни проекти кои беа во тек на реализација за време на претходната влада, а сега се стопирани и намалените капитални инвестиции. Имено зголемената инвестициска активност на претходната влада, во годините на рецесија на светската економија го спаси македонското градежништво, отвори илјадници работни места и спаси големи компании од сигурен пропаст, поволните ветришта за македонското градежништво и градежни работници, со смената на власта очигледно запреа, па сега наместо раст имаме огромен пад.
Доколку овој тренд продолжи не се исклучува затворање на градежните компании со помали приходи.
Рударството, кое генерира исто така голем приход во економијата е во пад за цели 4.1%, тоа е уште една гранка која вработува илјадници луѓе, особено во истокот од државата.
Падот во индустријата и примарниот сектор на економијата, секако неизбежно генерира и пад на услужните дејности за цели 4.6%. Ова во буквален превод значи дека македонските граѓани пуштаат се помалку пари во оптек, што е кобно за економија во развој како македонската, која има потреба од голема јавна потрошувачка и лесна достапност на капитал до сите субјекти во економијата.
На сето ова ако го додадеме енормното задолжување на државата, од 770 милиони евра, пари кои за неколку години ќе треба да се враќаат со камати ќе заклучиме дека економската ситуација на државата допрва ќе се влошува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Одлуката за преполовување на капиталните инвестиции е политичка, молк зошто свесно се влезе во рецесија
-
Завод за статистика: Македонија, единствената земја во регионот со негативен економски раст
-
Македонија во рецесија – паѓа сандардот на граѓаните
-
Груевски: Македонија влезе во рецесија поради штетните економски политики на СДС