Вработените во Словенечката разузнавачка агенција (СОВА) почнаа штрајк барајќи повисоки плати и подобри работни услови.
Министерот за јавна администрација на Словенија, Борис Копривникар, изјави дека штрајкот е „вистинско изненадување“.
Копривникар потсети дека разузнавачите се должни да обезбедат основно функционирање на разузнавачката агенцијата со цел да ја зачуваат националната безбедност.
Словенечките медиуми објавија дека штрајкот почнал денеска, а вработените во СОВА се жалат дека се недоволно платени и дека нема доволно луѓе.
Засега не е познато колку луѓе учествуваат во штрајкот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.