Доколку сакате да го наградите своето тело со хранлива „бомба“, направете напиток кој ќе ги избрка сите болести и ќе ви го подобри расположението. Ви претставуваме рецепт за смути со скромни состојки, но со величенствено име – „Зелена божица”.
Состојки:
– 1 јаболко златен делишес
– 1 рака спанаќ
– 1 круша
– 1 лимета
– 1 стебленце целер
– ¼ свежа краставица со средна големина
– малку вода
Подготовка:
Ставете го јаболкото во блендер, а потоа додадете го спанаќот. Додадете ги крушата, лиметата, целерот, краставицата и водата и сето тоа добро промешајте го.
Смутито „Зелена божица“ најдобро е да се пие на празен желудник, или 30 минути пред вежбањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.