В петок, во „Кино Култура“ со почеток во 20 часот ќе се одржи промоцијата на книгата „Допирот на пијанистот“ од словенечкиот писател Мирт Комел во издание на издавачката куќа „Готен“. На промоцијата на книгата ќе присуствува авторот, а разговорот со него ќе го водат Владимир Јанковски и Живко Грозданоски. Преводот на книгата од словенечки на македонски јазик е на Иванка Апостолова Баскар.
Романот „Допирот на пијанистот“ ја раскажува приказната за генијалниот њујоршки пијанист Габриел Голдман. Книгата се отвора кон читателот како калинка: неколку зрнца филозофски роман, неколку зрнца роман за уметноста, неколку зрнца љубовна приказна. Комел префинето ги комбинира јазичните игри и разновидните раскажувачки слоеви за да ја долови целата магија и проклетството на човекот надарен со невообичаен талент за свирење и создавање музика. Книгата може да се чита и како парабола за уметничкото творештво и за односот на големите уметници кон создавањето.
Мирт Комел е писател и филозоф, предавач на Факултетот за општествени науки и на Факултетот за филозофија во Љубљана. Автор е на бројни научни дела, а неговите книжевни дела варираат од драми и драмски песни до текстови за патување. „Допирот на пијанистот“ е негов прв роман.
Гостувањето на Мирт Комел во Скопје е поддржано од Јавната агенција за книга на Република Словенија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст