Владата вклучително и министерството за финанасии немале информација во врска со бонусите исплатени во Државната изборна комисија, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Според него, ДИК е независна институција и Владата не може да се меша во тоа како комисијата си го распределува буџетот.
-Свесни сме дека и медиумите и јавноста бурно реагираа на одлуките на членовите на ДИК да си доделат бонуси, но што се однесува до Владата, таа нема ингеренции да интервенира. ДИК е независно тело, а секој буџетски корисник сам ги распределува парите во рамки на нивниот буџет. Но, потенцирам, ниту Министерството за финансии, ниту Владата на РМ немаа информација во однос на бонусите кои се исплатени, рече Бошњаковски.
Тој посочи дека проблемот е ист како проблемот со патните трошоци на пратениците во Собранието на Република Македонија.
– Таму е слична ситуацијата, и јавноста со право реагираше, но Владата не може да наложи да се измени деловникот на Собранието. Тоа е нешто што самите пратеници треба да го направат и да отстранат нешто што ја разлутува јавноста – додаде Бошњаковски на брифинг со новинарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


