ЕУ објави црна листа на даночни оази, на која се гледа дека Македонија дотуркала до сивата листа. Списокот е составен од 17 држави кои ЕУ ги смета за даночни оази, што по нивно значи власти кои не соработуваат во прогонот на даночните измами. На списокот нема некои од најспоменуваните локации од Панамските документи или каква било вест за затајување данок, како Кајмански Острови, Бермуда или Британски Девствени Острови кои по статус се британски територии.
Седумнаесетте на црниот список се: Американска Самоа, Барбадос, Гренада, Гуам, Јужна Кореја, Макао, Маршалските острови, Монголија, Намибија, Палау, Панама, Света Луција, Самоа, Тринидад и Тобаго, Тунис и Обединетите Арапски Емирати.
Иако нема да има директна казна за земјите на листата, европските институции повеќе нема да смеат да ги користат овие држави за меѓународни финансиски операции, а трансакциите кои минуваат преку овие држави ќе бидат предмет на детално следење. Дополнителна мерка е што се забранува профитот да излезе од земја членка на ЕУ маскиран како камата на позајмица, авторски права или тантиеми без претходно да се плати данок за него на пазарот на кој е направен.
Критиката во однос на црната листата е дека тие што ја составувале биле крајно попустливи кон „своите луѓе“ од Унијата па на нејзе ги нема озголасените даночни прекршители како Луксембург, Малта, Холандија и Ирска.
Паралелно со ова беше направена јавна „сива“ листа, на која има 47 држави кои треба да ги адаптираат своите даночни правила со ЕУ стандардите за транспарентност и соработка. Македонија е на оваа листа, заедно со Швајцарија, Турција, Хонгконг, Србија, Кајмански острови, Бермуда. Рокот за даночно усогласување на овие држави со ЕУ е крајот на 2018. Земјите што нема да го испочитуваат ова одат на црна листа.
Во документот се споменува и „нова заедничка позиција на ЕУ кон оданочување на технолошки корпорации како Амазон или Фејсбук“. Новиот систем ќе се базира на „виртуелното присуство“ на компанијата во една земја, и ќе дозволи оданочување на он-лајн бизнисот на компаниите секаде каде што тие имаат активности, а не само во земјата во кој им се наоѓа седиштето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст