| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп денеска ќе го признае Ерусалим за главен град на Израел

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе објави дека го признава Ерусалим за главен град на Израел, информираат високи претставници на американската Администрација, кои побарале да останат анонимни.

Трамп, исто така, ќе му нареди на Стејт департментот да подготви преместување на Амбасадата на САД во Израел од Тел Авив во Ерусалим.

Тој нема да одреди распоред за преместувањето, кое најверојатно ќе одземе „неколку години“, тврдат анонимните извори од Администрацијата на САД.

Признавањето на Ерусалим за главен град на Израел ќе биде признавање на „историската и современа реалност“, а не политичка изјава, оцениле изворите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top