| четврток, 6 декември 2018 |

Утрово најстудено во Лазарополе и Маврово

Најниска температура изутрина во седум часот во Македонија е измерена во Лазарополе, минус 8 степени, по што следат Маврово со минус 7 и Претор и Крушево со минус 6, Охрид со минус 5, Берово, Битола, Пожаране, Дебар и Тополчани со минус 4, Ѓуриште, Виница, Прилеп, Крива Паланка, минус 3, ….

Времето денеска ќе биде сончево, а на одредени делови сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се намали и ќе е претежно сончево со слаб до умерен северозападен ветер, само на југоисток ветерот краткотрајно ќе засилува. Температурата од 4 до 12 степени.

Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност. Попладне претежно сончево со малку облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата до 9 степени.

До крајот на работната недела ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Утринските температури во поголемиот дел од земјава ќе се спуштат под нулата, а дневните ќе бидат во благ пораст. Во сабота облачноста ќе се зголеми, а на запад од крајот на денот ќе започнат врнежи од дожд. Преку ноќта кон недела краткотрајно врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата. Во недела претежно во западните и источните делови ќе има повремени врнежи кои понекаде на повисоките места ќе бидат од снег.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top