| четврток, 6 декември 2018 |

Почна состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО

Шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО, на дводневен самит во Брисел ќе расправаат за поголема соработка во борбата против тероризмот, но и за воведување нови санкции за Северна Кореја. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вчера рече дека разговорите ќе бидат отворени со дискусии за уште поголема соработка НАТО-ЕУ и тоа со присуство на претставници на ЕУ, како Фредерика Могерини. – на овој состанок целта ни е да одиме чекор понапред, да дојдеме до нов пакет мерки. Се надевам на договор, изјави Столтенберг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top