| четврток, 6 декември 2018 |

Ученик донел цртеж во училиште, а кога наставниците виделе што е нацртано, веднаш се јавиле во полиција (фото)

Кога ја виделе вознемирувачката фотографија, наставниците ја контактирале полицијата, која брзо дошла до Едвардс, творецот на страшниот цртеж.

Откако во тетратката на еден ученик во основно училиште на Флорида бил откриен вознемирувачки цртеж, полицијата во петокот го уапсила 33-годишниот Роберт Пол Александар Едвардс.

На цртежот било прикажано масовно пукање во училиште кое е во пламен, додека на луѓето кои бегаат пука човек со пиштол. Две лица се нацртани како лежат на земја во локва крв. На листот се напишани и зборовите “Пау, пау, пау” и “ааа, пече”.

Кога ја виделе вознемирувачката слика, настаниците ја контактирале полицијата, која брзо дошла до Едвардс, творецот на страшниот цртеж. Тој бил уапсен и обвинет поради напишаните закани дека ќе повредува луѓе, пренесува Miami Herald.

Сепак, засега не е јасно како е Едвардс поврзан со ученикот кој го донел цртежот во училиште, пишува CBS.

-Нашата земја премногу пати беше погодена од ужасни трагедии во училиштата. Затоа ваквите случаи ги сфаќаме крајно сериозно”, рекол шерифот Мајк Харисон. Тој навел и дека Едвардс бил испрашан во полициска станица.

Инспекторите сепак не веруваат дека Едвардс имал намера да го изврши сценариото од цртежот, меѓутоа, со оглед на високиот степен на масовните пукања во училиштата и црквите во САД, полицијата не сакала ништо да препушти на случајот.

точка.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top