| четврток, 6 декември 2018 |

Пристигнува паметен кондом за подобар секс (фото)

Британската компанија го претставила уредот кој ги мери сите аспекти на сексуалниот чин и открива полови болести. На пазарот е пуштен “i.Con”, првиот паметен кондом.

Целта на овој уред е да собира податоци за сексуалните односи, нивна споредба и помош за клиентите да бидат подобри во кревет.

Поголема забава

“Паметниот кондом пристигна и одличен е. Сакавме i.con да биде префинет, лесен и да не биде наметлив – и конечниот производ е сето тоа. Многу технологии се спакувани во овој уред, и тој ќе ги мери речиси сите аспекти во спалната соба”, рекол Адам Леверсон, главен инженер на компанијата “British Condoms”.

Што мери кондомот?
– Должината на сексуалниот однос

– Брзината на пенетрацијата

– Потрошени калории

– Сексуални позиции

– Постоење на полови болести

– Просечна температура на кожата

Самиот уред не личи на кондом, туку на гумено ластиче кое се става на дното на машкиот полов орган, а преку обичен кондом.

“Ова е следниот чекор во технологијата, а веруваме и пионерски уред кој не само што ќе внесе повеќе забава во вашата спална соба, туку ќе помогне и во откривање на полови болести. Покрај тоа, ќе помогне и во спречување на паѓањето на кондомот при сексуалниот однос, што е главна причина за несакани бремености во Британија”, вели Џон Симонс, портпарол на компанијата.

Голема побарувачка
Како што се наведува, за купување на овој паметен сексуален уред, кој чини 80 долари и има гаранција од една година, веќе се регистрирале 96.000 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top