| четврток, 6 декември 2018 |

Работниците на ФЕНИ и денес го блокираат патот Градско-Прилеп – Владата и понатаму молчи

И денеска повторно е блокиран патот Градско – Прилеп кај мотел „Дреново“ од страна на работници од „Фени индустри“ во стечај и транспортери кои превезувале руда за комбинатот.

Претседателот на Синдикатот Ѓоре Палитов рече дека од ветувањата за исплата на двете заостанати плати немало ништо и оти заради тоа ќе останат на протест се до исполнувањето на нивните барања.

Транспортерот Душко Пауновски истакна дека се наоѓаат во незавидна ситуација бидејќи, како што рече, за транспорт на руда не им било платено од март годинава, а тие имале подигнато кредити за работа. Упати апел до банките кои побараа стечај за „Фени“ како доверители дека доколку не се преземе нешто, ќе се откажат од сметките во овие банки.

Трајче Пејовски, како претседател на Здружението на транспортери од Кавадарци, додаде дека и тие ќе останат на протести додека не се решат проблемите. И тој нагласи дека трпат големи загуби од околу 100 илјади евра месечна загуба и побара да се најде решение.

– Без пари не се живее. На сите нам ни должат вкупно околу четири милиони евра, нагласи Пејовски.

Транспортерите кои протестираа побараа во решавањето на проблемот да се вклучи и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top