Бурата околу самоубиството на генералот Слободан Праљак во Хаг сѐ уште не е стивната, а останува мистеријата и кога неговото тело повторно ќе биде вратено во Хрватска.
Хрватска телевизија соопштила дека телото може прво да биде вратено во болница во која Праљак починал, но не е потврдено.
– Знаеме дека Праљак изрази желба неговиот погреб да биде интимен. Еден од можните сценарија е, почитувајќи ја неговата волја, Слободан тајно да биде донесен во Хрватска. Хрватската амбасада веќе два дена не дава информации за овој случај – јавил од Хаг репортер на ХРТ.
„Не сакам ни гроб ни погреб, а мојата пепел истурете ја во Мирогој“ напишал во прошталното писмо генералот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.