| четврток, 6 декември 2018 |

Министерски места за обвинетите за „Монструм“

„Моите клиенти добија налог од судот два пати неделно да се јавуваат како гаранција дека нема да избегаат од земјава како Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, двајцата првообвинетите во случајот. Вие кажете ми мене што да прават останатите пет дена во неделата? Оваа држава е за некого мајка, а за некого маќеа. Министерството за здравство со месеци е без прв човек. Зарем некој од овие лица не заслужува да се обиде таму“ – ни изјави со горчина адвокатот на обвинетите Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута.

„Точно е дека имавме средба со премиерот Заев од кого добивме ветувања за поставување на одредени места и очекуваме тој да го исполни тоа на кое што се обврза. Заев е човек од збор“, вели еден од обвинетите откако се поздрави со судскиот службеник на заминување од судот.

Никој од владата не сакаше да коментира ништо околу средбата. Прес службата не издаде никакво соопштение и нема потврда, ниту демант за нејзиното одржување. Единствените неофицијални коментари велат дека правда мора да има , а не е праведно овие луѓе да бидат оставени на слобода со само една обврска, односно ангажман кој трае неколку часа, два дена од неделата.

„Ние сме невини! Нека си проверат службите дали пеел во некој хор тој Игор Дурловски кога се случи масакрот. Сега си имаат терористи во притвор и нас нека не остават на мир да си работиме“, коментираат обвинетите од Монструм.

Неофицијално се дознава дека со гласовите на СДСМ и ДУИ, четворицата обвинети од Монструм ќе успеат да обезбедат поддршка од собранието за нивно назначување на функција.

Како што веќе беше официјално соопштено „Врховниот суд на Република Македонија донесе решение по предметот Вкж2 бр.3/2016, познат во јавноста како „Монструм“, со кое на обвинетите А.И., Ф.А., Х.А. и С.Љ. им се определени други мерки за претпазливост, и тоа забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, како и редовно јавување пред Основниот суд Скопје 1, два пати неделно, а обвинетите веднаш се пуштаат на слобода“.

Пиперка Ајварка

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top