| четврток, 6 декември 2018 |

Почна снимањето на краткиот игран филм „Сонот за крвта и душата”

Почна снимањето на краткометражниот игран филм „Сонот за крвта и душата” по сценарио на Александар Русјаков и во режија на Игор Алексов, соопшти продукцијата „Квазар филм“.

Снимањето ќе трае седум дена на повеќе локации во Скопје. Главните улоги ги толкуваат Дејан Лилиќ, Јордан Симонов, Нина Деан и Ана Стојановска.

Директор на фотографија е Душан Кардалевски, сценографијата е на Влатко Зафирковски, костимите ги изработи Раде Василев, маската Горан Игњатовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top