| четврток, 6 декември 2018 |

Снежно невреме ја зафати Европа: Има жртви во Германија, откажани десетици летови

Во снежното невреме во Германија загинаа две лица, а откажани се десетици летови. Германската новинска агенција ДПА извести дека 86-годишна жена загинала во Долна Саксонија, кога автомобилот во кој се превезувала се излизгал на патот и се судрил со друг автомобил кој патувал во спротивен правец.

Полицијата соопштила дека 83-годишен маж смрзнал од студ во Келедa, во источна Германија. Полицајците го пронашле старецот потрупан под снег крај патот во близина на старски дом во кој живеел.

На аеродромот во Франкфурт поради лошото време се откажани повеќе од 80 летови.

Неколку експресни возови добиле наредба да се движат побавно во централна и јужна Германија поради снегот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top