Се претпоставува дека меѓу 55.000 чувари кои служеле во нацистичките логори на смртта имало околу 3.700 жени. За нив животите и чувствата на луѓето во логорите биле потполно ирелевантни, а бруталноста кон нив ја искажувале на различни начини.
Многумина и денеска се прашуваат дали затоа е причина бескрајната верба во исправноста на политиката на Хитлер, латентен садизам, или пак можеби и двете.
Доротеа Бинц
Доротеа за време на Втората светска војна била надгледувач во концентрациониот логор „Равенсбруг“. Работела во различни делови од логорот, вклучувајќи ја и кујната, а потоа била задолжена и во делот во кој ги казнувале и измачувале затворениците, во што учествувала и самата. По завршување на војната била убиена поради своите злосторства.
Грета Бузел
Грета Бузел била облечена како медицинска сестра. Во 1939 година била испратена во „Равенсбург“, каде одлучувала околу тоа кој ќе биде убиен со гас, а кој ќе биле префрлен во логорот „Укермарк“. Остана запаметена по реченицата: „Ако не можат да работат, нека страдаат“. После судењето убиена е на 3 мај 1947 година.
Алис Орловски
Алис работела во неколку злогласни нацистички концентрациони логори во окупираната Полска за време на Втората светска војна. Додека била во логорот „Мајданек“, била сметана за еден од најсуровите стражари поради бруталните методи на мачење со кои се служела. Пред крајот на војната нејзиното однесување драстично се променило. Наеднаш станала похумана и им донесувала вода на оние кои биле жедни, па се шпекулирало дека тоа го прави бидејќи знаела дека ќе и се суди како воена злосторничка. Таа била осудена на доживотна робија, но била пуштена една деценија подоцна.
Илзе Кох
Илзе Кох, сопруга на Карло Ото Кох, командант во концентрациониот логор „Бухенвалд“, останала запаметена по поседувањето на сувенир од кожата на убиени злосторници со карактеристични тетоважи. По Втората светска војна била осудена на доживотна затворска казна. Таа се обесила во женскиот германски затвор на 1 септември 1967 година.
Рут Најдек
Рут од почетокот на јули 1944 до крајот на април 1945 година вршела различни функции во логорот „Равенсбург“. Своите претпоставени ги импресионирала со одлучноста и бруталноста кон затворениците и важела за една од најсуровите надгледувачи. Била вклучена во избор и егзекуција на повеќе од 5.000 жени и деца. По војната била осудена на смртна казна.
Марија Мандл
Марија е одговорна за смрт на околу 500.000 затвореници во „Аушвиц“. Кариерата ја започнала како чувар во „Лихтенбург“, заедно со 50 други жени. Од октомври 1942 година во „Аушвиц“ била на позицијата под командантот на логорот Рудолф Хес, што и донело речиси апсолутна моќ. За две години испратила огромен број на луѓе во гасни комори, вклучувајќи и многу деца. Била обесена во јануари 1948 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст