| четврток, 6 декември 2018 |

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Да се стави крај на политичкиот прогон – вонреден Конгрес на 23 декември

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на последната седница најостро ги осуди политички монтираните обвиненија за тероризам и неоснованите притвори кои им беа изречени на партиски членови, уметници, актери и лица поврзани со настаните од 27-ти април, информираат од партијата.

-Злоупотребата на државните институции кои под политички притисок на власта упаѓаа во домови и ставаа лисици на пратеници е акт на терор и газење на демократијата. Извршниот комитет заклучи дека ваквото безумие од страна на СДС ја турка државата во уште подлабока криза и затоа мора да се преземат идни чекори со кои ќе се стави крај на политичкиот прогон и политичкиот реваншизам, велат од ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Согласно статутот на партијата, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одлучи да му предложи на Централниот комитет на следната седница да отпочне процедура за организирање на вонреден Конгрес на партијата на 23 декември 2017 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top