Писателот и сценарист Александар Русјаков најави штрајк со глад сѐ додека не се тргне обвинението за тероризам против оние што ја бранеа Македонија со чисто срце. „И тоа ќе трае сѐ додека не биде тргнато политичкото монтирано обвинение за тероризам против луѓето од Заедничка Македонија со кое судот ги изедначи оние кои ја бранеа унитарноста на Македонија со терористите на ИСИС, ЕТА, ОНА, ИРА и други… Во затвор се. Затоа што ја сакаат Македонија”, напиша Русјаков на својот фејсбук профил.
„Ме убива немоќта што не знам како да ѝ помогнам на МАКЕДОНИЈА, на оние што ја бранеа, а сега се политички затвореници.Немам организациски способности. Немам политички амбиции. Веќе не ме интересираат протести затоа што видов како тие завршуваат: шарените по владини кабинети, родољубите во затвор. Ме убива немоќта, беспомошноста, тагата. Никогаш, никого не сум посакал да повредам. Затоа одлучив да се повредам себе…“ – напиша Русјаков на фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.