Врнежи од дожд во текот на изминатите четири дена имаше на целата територија на државата, пообилни во Маврово, Пожаране, Тетово, Лазарополе и Дебар.
Според УХМР во Маврово за 84 часа, до 7 часот утрово, измерени се 187 литри на метар квадратен воден талог, во Пожаране 150, Тетово и Дебар 137, Лазарополе 130, Охрид 96, Крива Паланка 75, Скопје 65, Тополчани 64, Битола 61, Претор 60, Крушево 59, Ѓуриште 51, Виница 48, Куманово и Берово 46, Дојран и Прилеп 45, Струмица 42, Штип 35, Демир Капија и Гевгелија 32 и Скопје-Петровец 27 литри.
Синоптичарите за утре најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди и студено со услови за слаб снег на планините.
Ќе дува умерен северен ветер, особено вдолж Повардарието.
Од вторник утринските температури во најголем дел од земјата ќе бидат под нулата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст