Доктор Милан Зарубица, кој веќе два пати е осудуван заради производство на синтетичка дрога, уапсен е во село Мала Речица кај Тетово во илегална лабораторија за екстази, а ова приведување само е потврда за неговата соработка со македонските државјани за време на целата своја криминална кариера, долга скоро две децении.
Во илегалната лабараторија е пронајдено скоро 300 килограми готови таблети и сировина за производство.
Соработката со македонски државјани Зарубица го следи од почетокот на развивањето на бизнисот. Прво државјаните на Македонија биле само купувачи на екстази, кој тој ги произведувал во илегалните лаборатории во околината на Белград. Истрагата која се уште трае и последното апсење укажува дека апетитите пораснале, па на Зарубица му е овозможено на нивна територија да работи она што најдобро го знае – да прозиведува екстази.
Најголема лабораторија за синтетички дроги во Европа
По првото апсење на Зарубица и на неговите соработници, меѓу кои биле и неговиот татко Филип и Љубиша Линдо викан Чомбе на 4 февруари 2003 година, се верувало дека дрогата треба да им ја продаде на купци од Бугарија и Македонија, но за време на истрагата не дошло до имињата на наводните купци.
Неговата тогашна „фабрика“ е прогласена за најголема илегална лабораторија на синтетички дроги во Европа. Тогаш се запленети околу два милиони таблети амфетамин и разни сусптанции во вредност од десетина милиони долари, а оваа акција на полиција, наречена „Београд“, тогашниот министер за внатрешни работи Душан Михајловиќ ја окарактеризира како најголем успех во историјата на српската полиција.
Акцијата е спроведена кога од американската агенција за сузбивање на дрога (ДЕА) стигнала информација дека во близина на главниот град на Србија во Стара Пазова постои голема лабораторија за производство на синтетичка дрога.
Заради ова Зарубица е осуден правосилно на 11 години затвор.
Големо име во фармацевтските кругови
Зарубица по струка е лекар, но за време на деведесетите години за кратко време станал крупно име во српската индустрија на лекови.
Во бизнисот со лекови „српскиот крал на синтетичка дрога“ влегол во 1996, откако неговиот брат Горан, забар и сопственик на фирмата Ленал НБЦ, неочекувано починал. Зарубица по наговор на неговата мајка ја преземал работата на брат му и брзо развил мала индустрија. Во моментот на апсење се водел како сопственик и косопственик на уште пет претпријатија за производство и увоз на лекови и фармацевстка опрема.
Ги продолжил работите и од затвор
И додека бил во затвор Зарубица продолжил со „работата“. По оперативните информации дека го продолжил бизнисот, затворската управа му дала овластен статус и слободни викенди токму за да биде фатен на дело. Акцијата почнала по запленета пратка, токму на границата со Македонија во која се најдени неколку таблети, а робата е испратена на двајца Турци и еден Македонец со кој е договарано продажба на синтетичка дрога.
Зарубица повторно е уапсен на 12 мај 2011 година, а утврдено е дека повторно ја користел својата стара лабораторија во Стара Пазова, но и лабораториите во Угриновци и на Авала. Меѓу уапсените соработници на Зарубица бил и државјанинот на Македонија, Азизи Исамедини.
Зарубица од затвор излегол последниот ден од 2014 година. Следната година се договорил со обвинителството за организиран криминал за апсењето од 2011 година, по кое е осуден на три години. Признал дека поседувал опрема и материјал за производство на синтетичка дрога. Но Специјалниот суд ја потврдил оваа казна и му изрекол единствена казна за апсењата од 2003 и 2011 од 11 и пол години затвор. Бидејќи ја отслужил таа казна, не се враќал повеќе во затвор.
На доктор Милан Зарубица со пресудата за организирање на производство на синтетичка дрога кога е уапсен во 2003 година и осуден на затворска казна, му следела и заплена на имотот. Одлучено е да му се одземат објектите и опремата од претпријатието Ленал фарма, 320.000 долари и 89.000 евра кои се пронајдени кај него, 2,5 милиони швајцарски франци од сметка во Швајцарија како и на сметка на државниот буџет да се уплатат десет милиони американски долари на име незаконско стекнување на имот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст