По 70 години конечно се дешифрирани страшните сведоштва на затворениците во концентрациониот логор Аушвиц, пишува Би-би-си.
Записите на затвореникот се закопани во текот на 1944 година, а пронајдени во 1980 година.
Одвај видливото рачно напишано сведоштво барало макотрпна долгогодишна работа поради лошата читливост.
Присилен да им помага на нацистите во убивањето
Станува збор за записи на еден од мажите кои биле присилени да им помагаат на нацистите во убиствата. Марсел Наџари, грчки Евреин, на парчиња хартија запишал како илјадници Евреи дневно биле водени во гасните комори каде биле наредени „како сардини“.
Наџари бил дел од посебна група од 2.200 затвореници, еврејски робови, т. н. „Сондеркомандо“, кои помагале во одведувањето на останатите затвореници во гасните комори. Нивната работа била да го набуткаат Евреите во гасните комори, потоа да им го соберат златото и накитот од нивните тела, да ги запалат во крематориумот, а нивната пепел да ја фрлат во реката во близина.
Бил свесен дека е прашање на денот кога и тој ќе биде одреден за гасната комора. Во ноември 1944 година, Марсел на 13 страници го испишал хоророт на кој бил сведок, ги ставил хартиите во термос, го затворил со пластичен капак, а потоа во кожена торба и го закопал во близина на крематориумот.
„Крематориумот е огромна зграда со широк оџак и 15 печки. Под градината има два огромни подруми, во едниот ги соблекуваа затворениците голи, а вториот подрум е комора во која беа убивани. Во нив, затворениците влегуваа голи, по 3.000 луѓе одеднаш, беше испуштан гас и по шест или седум минути страдање, сите беа мртви“, напишал Наџари. Тој опишал и како нацистите во гасната комора поставувале цевки со цел да изгледа како просторија со туш кабини.
Гасот го доставувале возила на Црвениот крст
„Возилата на Црвениот крст доставуваа гасни резервоари. Двајца војници на СС-вците го испуштаа гасот низ отворите и половина час подоцна започнуваше нашата работа. Ги возевме телата на тие невини жени и деца во лифт кој ги носеше понатаму, до печката, опишал тој во своите сведоштва.
Додал и белешка дека пепелта на една личност има тежина од околу 640 грама.
Наџари пишувал за тоа дека е свесен дека и сам ќе умре во истиот логор, но сакал неговата порака да биде видена надвор од границите на пеколот во кој тој бил.
Записите се откриени 36 години подоцна
Полскиот студент по шумарство термосот со записи случајно го открил 36 години подоцна. Тие биле закопани на длабочина од околу 40 см.
Би-би-си пишува дека Наџари сепак успеал да се спаси од логорот на смртта, а бил депортиран во концентрационен логор во Маутхаусен, Австрија.
По војната, тој се оженил и во 1951 година се преселил во Њујорк каде работел како кројач. Починал во 1971 година, девет години пред неговата порака во термосот да биде откриена.
Видливо само 10 отсто од напишаното
Децениите влага го направиле своето, бидејќи на хартиите што Наџари ги испишал било видливо само 10 отсто од тексот. Рускиот историчар Павел Полиан, кој се одлучил да ги дешифрира записите на Наџари, изјавил дека во нив стои точно проценетата бројка на жртви во Аушвиц. Станува збор за 1,4 милиони убиени луѓе.
Историчарите, имено, процениле дека во тој логор биле убиени најмалку 1,1 милиони Евреи и околу 300.000 други затвореници, од кои половина биле руски воени заробеници.
„Затворениците најверојатно разговарале за тоа колку возови пристигнале“, напоменува Полиан.
Сам Наџари бил сведок и на побуната на затворениците во која биле заробени советските војници се обиделе да разнесат некои од петте крематориуми. Бидејќи не учествувал во побуната, ја преживеал таа случка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст