Матијас Меси (35) брат на прославениот фудбалер на Барселона, Лионел Меси, уапсен е кога во неговиот чамец биле
пронајдени траги од крв и пиштол.
Постариот брат на Меси, Матијас, наводно на полицијата и рекол дека се исекол, но сепак немал дозвола за поседување на пиштол. После апсењето е пренесен во болница поради скршена вилица и други повреди, кои тврди дека ги добил во несреќа на вода, пренесува „Дејли Меил“.
Како што изјавил, се повредил кога со чамецот удрил во песочен брег додека возел долж реката Панама. Меѓутоа, полицијата пронашла и пиштол на кој имало “многу крв“, изјавил обвинителот и наредил негово апсење. Локалните медиуми пишуваат дека би можел да добие затворска казна од шест месеци доколку биде прогласен за виновен. Оваа не е прв пат Матијас да се соочува со законот поради носење на оружје.
Esta es el arma que encontraron en la embarcación de Matias Messi. Arma de guerra calibre 380. pic.twitter.com/A9gT5ZMVbT
— Juan Pedro Aleart (@JAleart) December 1, 2017
Претходно беше поврзуван со криминалци, а во 2015 година помина 16 часа во затвор кога полиција пронајде пиштол во неговиот автомобил. Уапсен е и во 2008 година бидејќи наводно носел репетиран пиштол на појасот.
Неговиот адвокат, Игнасио Карбоне, изјави дека семејството на Меси ги оспорува тврдењата на полицијата за пронајдениот пиштол во чамецот. Меѓутоа, обвинителот Хозе Луис Катерина за медиумите изјави дека пиштолот не бил подметнат на бродот на братот на ѕвездата на Барселона.
Matías Messi : Ya tenemos la excusa para no pasar la primera ronda del mundial.
"Y qué querés, pobre Lionel, tiene el hermano preso…" pic.twitter.com/NR1wKmu7kJ— CapitánOrto2020 (@CapitanOrto2020) December 1, 2017
Полициската истрага утврдила дека “пиштлот бил спремен за пукање“ и имаш шест куршуми во шаржерот.
Матијас исто така има во досието и обвинение за напад на полиција, а претходно му било наложено да се тргне од алкохолот. Во текот на 2016 година се појавуваше на фотографии со криминалци кои и се добро познати на полицијата. Во април 2011 година преживеа обид за атентат кога било пукано врз него додека јавал коњ.
И другиот брат на Меси, Родриго обвинет е за поседување на пиштол, како и за напад на велосипедист во Шпанија кој го обвинил “дека возел премногу блиску до неговиот автомобил“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


