| четврток, 6 декември 2018 |

Хрвати им вратија кекси на Србите, тврдат дека се канцерогени

Хрватската санитарна инспекција забранила увоз на шест вида кекси и слатки од Босна и Херцеговина, а вратени се бисквити и од Србија, пишуваат медиумите на таа земја.

Поради зголемено присуство на акриламид во храната во однос на европските препораки и се почестото враќање на пратки чии производители се БиХ, Агенцијата за безбедност на храната одржала состанок со производителите на кондиторски пецива и производи.

Акриламид е потенцијално канцерогена материја, која, според некои истражувања во големи количини може да влијае на здравјето на луѓето.

Забранет е влез на кекси и сендвич кекси од БиХ, како и на кекси и крекери од Србија. Не се објавуваат имињата на производителите.

Акриламидот настанува во реација меѓу шеќерот и амионската кислеина аспарагин.

Инаку, акриламид најмногу има во пржена хррана и кафе, како и во хррана печена на висока температура, како кекси, крекери, житарки и пекарски производи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top