| четврток, 6 декември 2018 |

Богоев избрка уште 50 вработени во Општина Карпош

Стефан Богоев, новиот градоначалник на Карпош остави на улица уште 50 лица кои беа вработени во Општината. Според информациите од 1 декември им престанал работниот однос на уште 50 лица, а ова е втор бран на отпуштања откако на 1-ви ноември исто така беа отпуштени 50 луѓе вработени во општината.

Отпуштањата на партиски неистомисленици, со цел празнење на институциите и создавање на простор за вработување на партиски кадри на СДСМ зема голем замав по победата на локалните избори. На почетокот на ноември беа отпуштени 17 лица од општинската администрација и детската градинка во Делчево, 15 вработени во општина Велес исто така се жртва на политички реваншизам, меѓу кои и една бремена жена.

Хуманоста е последна карактеристика на СДСМ, бремена жена во 7-ми месец од бременоста беше прераспоределена на работно место од општината во Комуналното претпријатие, да чисти улици на минусни температури, со голем ризик за нејзината бременост.

Бркањето од работа е само еден од начините на прогон и тортура кој го врши власта. Вработените во администрацијата секојдневно се жалат на огромен притисок и тротура од страна на директорите поставени од новата власт. Граѓаните секојдневно се жртва на партиско заробената држава, нема институции кои ќе ги заштита се се сведува на партијата на власт, која сака да одлучува за нивните судбини, притоа не толерирајќи ги различностите, во темел уривајќи ја демократијата и Уставот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top