| четврток, 6 декември 2018 |

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Вевчани ги вратија совентичкие мандати

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Вевчани повеќе нема да учествува во работата на советот. Четворицата советници ги вратиле нивните мандати поради нивниот револтот од актуелните случувања во државата, но и поради симнувањето на имунитетот и апсењето на пратеникот од Вевчани, Крсто Мукоски.

Како претставници на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Подобра Македонија во Општина Вевчани, сакаме да ја известиме јавноста дека денес на ден 02.12.2017 година, во знак на револт и протест од начинот на владеење на оваа гарнитура предводена од СДСМ, како и последните политички хајки кои што ги спроведуваат врз невини граѓани, а се однесуваат на настаните од 27, со што не враќаат назад  во 70 години, во времето на Информбирото. Во знак на солидарност со сите жртви на овој тоталитарен режим, денес како советници поднесуваме неодповикливи оставки и ги враќаме мандатите кои што ги добивме од граѓаните на Општина Вевчани“, изјави Јовица Лешоски, советник ВМРО ДПМНЕ- Вевчани.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top