| четврток, 6 декември 2018 |

Заев и Алаѓозовски со допис до националните установи: Најдете ги сите кои протестираа, ќе бидат казнети!

Власта на Зоран Заев по секоја цена сака да ги казни своите неистомисленици. Во партиската пресметка не бираат ниту средства ниту начин со единствена цел- да бидат казнети сите оние кои некогаш го кренале гласот против нивните погубни политики.

Курир објави допис, кој, како што велат, пристигнал од вработен во една од националните установи во Скопје. Известувањето е испратено од Владата на Заев преку министерството за култура со кое раководи Роберт Алаѓозовски од СДСМ.

Во известувањето испратено до сите национални установи, се испраќа порака дека треба да биде избркан од работа и казнет секој оној кој присуствувал и дал поддршка на протестите организирани од „За заедничка Македонија“.

Се задолжуваат раководителите на сите национални установи од областа на културата да ги известат надлежните органи за каква било информација за вмешаност и учество на вработените во установата во крвавите настани и упадот во Собранието на Република Македонија на 27-ми април 2017-та година. По утврдување на вмешаност на вработените од страна на надлежните органи, раководителите на институциите се должни да покренат дисциплинска постапка и за ова да го известат Министерството за култура, стои во известувањето.

Понатаму се додава дека сите лица кои ќе бидат посочени како учесници на протестите ќе бидат соодветно санкционирани.

Притисокот од страна на актуелната власт кон граѓаните расте секој ден. Заев и неговите функционери водат отворена битка против секој оној кој ќе се охрабри да им застане на патот.

Патриотите завршуваат во притвори и им се заканува казна затвор за тешко кривично дело. На слобода излегуваат “монструми“.

Додека на Дурловски, Илиевски, Чавков, Јовановски, Дамовски  и шесте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ им е изречен ефективен притвор и се третираат како терористи, убијците на четири момчиња и еден маж излегуваат на слобода.

Врховниот суд вчера одлучи обвинетите од „Монструм“ веднаш да бидат пуштени на слобода!

Ова е скандалозна одлука на партизираното судство на СДСМ.

Едните влегоа во Собрание за да ја одбранат демократијата, другите ликвидираа пет лица. За судството на СДСМ, патриотите треба да бидат прогласени за терористи, а монструмите да бидат на слобода.

Оние кои ги теретат за тероризам во Собранието на 27-ми април влегоа од патриотски побуди. Тој ден во македонското Собрание се пееше албанската химна, а веднаш потоа Талат Џафери беше на нелегитимен начин прогласен за втор човек во државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top