Поранешниот репрезентативец на Македонија, Перо Антиќ ја потврди неверојатната победа на Црвена Звезда над Реал Мадрид во Евролигата, откако постигна тројка на 7.7 секунди пред крајот и донесе победа со 87:83 во Шпанија.
Српскиот тим направи големо изненадување откако победи еден од претенденти на турнирот и го подобри својот баланс на 3-7. Во меѓувреме, „белите“ го влошија својот скор на 5-5 и паднаа на 7 место на табелата.
Во „WiZink Center“ никој не очекуваше слична разрешница, но гостите од Белград покажаа неверојатен карактер. Тие водеа со 60:47 во третиот дел и иако беа стигнати, на крајот успеаа да ја задржат победата и да запишат триумф.
Антиќ заврши со 11 поени за успехот, Тајлер Рочести помогна со 18, а Милко Бјелица постигна 16 за победниците. За Реал, Лука Дончиќ имаше 20 поени, но тоа не беше доволно.
Интересно е што во овој круг петте шпански тимови изгубија. Басконија и Валенсија, исто така, отстапија дома против Фенербахче и Олимпијакос, додека Барселона и Уникаха се вратија со пораз од нивните посети кај ЦСКА и Панатинаикос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст