Косовската полиција соопшти дека премиерот на Косово, Рамуш Харадинај повеќе не е на листата на лица по кои Интерпол има распишано меѓународна потерница.
Според полицијата, од списокот на Меѓународната организација за криминалистичка полиција се избришани вкупно 18 лица кои ги бара Србија.
Електронското издание на приштинскиот весник „Експрес“ наведува дека овој чекор следи веднаш по посетата на седиштето на Интерпол во Лион на албанскиот министер за внатрешни работи Фљамур Сефај и директорот на косовската полиција Шпенд Манџуни.
Се уште не се знае што разговарале таму, но веднаш по нивниот престој од листата на Интерпол се отсранети 18 лица, меѓу кои и Харадинај, наведува „Експрес“.
Весникот тврди дека уште пред апсењето на Харадинај на 4 јануари годинава во Франција врз основа на меѓународна потерница издадена од Србија, косовската полиција побарала од Интерпол од неговата листа на лица по кои се трага да бидат избршани сите Косовци кои ги бара Белград под обвинение за воени злосторства извршени за време на конфликтот на Косово.
Меѓутоа, порталот Индексонлајн тврди дека Интерпол ги отстранил од својата листа 18-те лица на барање на Србија, која се откажала од потерниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст