Синдикатот на „Фени“ преку огласната табла во фабриката ги повика вработените на штрајк ако до понеделник напладне не им биде исплатена октомвриската плата. Штрајкот е најавен исто така за понеделник од 12 до 14 часот со повторно блокирање на патот Прилеп-Градско кај мотелот „Дреново“.
Одлуката за штрајк доаѓа три дена по отворањето на стечајната постапка за фабриката преку која банките доверители најавија дека ќе најдат инвеститор што ќе ги преземе сите обврски, вклучително и платите.
Вработените во „Фени“ и минатиот месец штрајкуваа со блокирање на патот Прилеп-Градско. Бараа сопирање на стечајот, исплаќање на платите во цел износ и статус на вработени сè до конечната продажба на фабриката. Со истите барања вработените штрајкуваа и пред локалните филијали на банките кредитори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


