| четврток, 6 декември 2018 |

Огласот кој предизвика бурни реакции во Хрватска: Се бара дадилка за бебе старо две недели

Меѓу огласите за нудење работа на Фејсбук во Хрватска се појави еден за дадилка.

Во содржината е нагласено дека се бара дадилка која би работела од 23 до 7 часот наутро, а тоа предизвика лавина од коментари на социјалната мрежа.

„Бараме дадилка која повремено во ноќните часови ќе чува бебе старо две недели (од 23 до 7 часот наутро). Бебето се буди на секои два до три часа. Кога ќе се пробуди, треба да се нахрани и успие и повремено да му се промени пелената. Родителите за тоа време би биле во станот, но би требало да се одморат, додека дадилката го чува бебето“, стои во огласот.

По објавувањето на истиот, следеше лавина од коментари на Фејсбук. На едни не им било јасно зошто младите родители се одлучиле да имаат бебе, ако не можат да ја прифатат обврската и што ќе прават кога бебето ќе порасне и ќе почне да прави проблеми, а другите сметаат дека е оправдано нивното барање, бидејќи голем дел од денешните мајки, имаат помош од своите родители или родителите на сопругот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top