Уметничката инсталација која прикажува голи мажи и жени како се бркаат во гасна комора од поранешниот нацистички концентрационен логор предизвика бура од реакции кај луѓето кои го преживеале холокаустот.
Видеото е снимено во концентрациониот логор Штутхоф, во близина на полскиот град Гдањск, а е прикажано во Музејот на современа уметност во Краков во 2015 година.
На него неколку голи жени и мажи се бркаат едни со други околу некогашните гасни комори во логорот во кој 65.000 луѓе ги загубија животот за време на Втората светска војна.
Неколку организации кои ги претставуваат преживеаните од холокаустот сега бараат претседателот Андржеј Дуда да објасни зошто било дозовлено да се сними такво нешто.
Видеото е прикажано како уметничка инсталација за изложба под името „Полска-Израел-Германија. Искуството Аушвиц“ и подоцна беше отстрането поради протест.
Во тоа време музејот не ја објави точната локација на која е снимено видеото.
Организацијата на преживеани од холокаустот во Израел, Центарот Сајмон Визентал, и уште неколку други здруженија го контактираа претседателот Дуда кога беше објавено дека видеото е снимено во руините од Штутхоф.
Само пред неколку недели двајца бивши стражари од тој концентрационен логор беа обвинети за учество во убиствата додека за време на Втората светска војна работеле во кампот.
Обвинение беше покренато против 93-годишен човек од Боркен, кој служел во Штутхоф од 1942 до 1944 година и 92-годишен маж од Вупертал кој бил таму од 1944 до 1945.
И двајцата негираат дека за убиствата во логорот, во кој биле погубени 65.000 луѓе, некои во гасни комори, а други умирајќи од глад или смрзнување.
Припадниците на СС единиците убиле над 100 полски и 77 руски воени заробеници во гасните комори во 1944 година. Кон крајот на годината се егзекутирани и непознат број Евреи.
СС докторите и сестрите во Штутхоф убиле над 140 завтореници, главно еврејски жени и деца, така што во срцата им вбризгувале бензин и хамикалија фенол од доцните денови на 1942 до доцните денови на 1944 година.
Советската војска го ослободи Штутхоф на 9 мај, 1945 година, истиот ден кога заврши и Втората светска војна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст