Полицијата поднесе кривична пријава против Р.В.(22), од кавадаречкото село Дреново, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.
На 31 мај, според МВР, пријавениот со искористување на податоци – пин код и дебитна картичка виза од НЛБ Тутунска банка, сопственост на Б.С. од Кавадарци, неовластено навлегол, преку АТМ банкоматот на Тутунска банка на ул.“Илинденска“ во компјутерскиот систем на истата и извадил во два наврата вкупно 6.000 денари, пари кои ги присвоил за себе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тепачка за пари, полицијата го блокирала цел град: Банкомат давал 100-ки наместо 10-ки (видео)
-
Ако на банкомат забележите вакво нешто ни случајно не ставајте ја картичката и не подигајте пари
-
Внимавајте кога вадите пари од банкомат: Доколку го земете листот…
-
Вака крадците ги крадат парите од банкомат: Еве како да се заштитите