| четврток, 6 декември 2018 |

Хуманитарен концерт „Една ноќ во Америка“ во изведба на Биг бендот на МТВ

Во организација на Македонско-американската алумни асоцијација (МААА) вечер, со почеток од 20 часот, во новата зграда на Македонската филхармонија ќе се одржи голем добротворен концерт на американска музика во изведба на Биг бендот на МТВ.

Концертот насловен „Една ноќ во Америка“ (One night in America) е замислен како едно патување низ најпопуларните композиции на американскиот поп и џез од Френк Синатра до Ела Фицџералд.

Средствата од концертот ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Во рамките на настанот ќе биде доделена Годишната награда на МААА како и почесно членство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top