| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ има нов тренер

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го засили својот стручен штаб откако за тренер го именуваше Чехот, Радек Степанек кој неодамна ја заврши играчката кариера.

Еден од најдобрите играчи од Чешке во историјата на тенисот ќе му се придружи на Андре Агаси, а соработката беше воспоставена на многу интересен начин, преку лајв пренос на Инстаграм.

Штепанек ќе почне да го тренира Ѓоковиќ во следните денови во Монте Карло каде Србинот се подготвува за почетокот на следната сезона и за претстојните натпреварувања по повеќемесечната пауза поради повредата на лактото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top