| четврток, 6 декември 2018 |

Русите со молба до Англичаните: Пиjте што помалку, оти не ви гарантираме безбедност!

Фудбалската федерација на Русија пред извесен период откри дека сите проекти поврзани со претстојното Светско првенство се во завршна фаза и дека земјата е подготвена за големиот фудбалски спектакл, кој ќе се одржи идното лето.

За оваа земја се очекува да отпатуваат голем број на фудбалски фанови, а најмногу се очекува да има од Англија, која на секој голем собир е бодрена од илјадници верни фанови. Но, Англичаните скоро секогаш знаат да бидат незгодни за организаторот, поради честите проблеми кои ги прават во градовите каде игра нивната селекција.

Затоа, по тој повод шефот на туристичката организација „Посети ја Русија“ им упати предупредување на англиските навивачи, велејќи им да внимаваат на своето однесување.

„Сакам да упатам еден совет до навивачите на Англија кои ќе допатуваат тука, а тоа е да не пијат премногу додека се во Русија. По еден до два пијалоци пред и по мечот е во ред, но тука сè е различно и безбедносните структури ќе контролираат сè за да нема пијани навивачи. Доколку треба, ќе се забрани и консумирање на алкохол. Знам дека Англичаните сакаат да пијат многу, но ако бидат пијани и некултурни, не можам да им гарантирам безбедност“, вели Игор Карзов, шефот на туристичката организација.

Англија своите противници во групата фаза на Мундијалот во Русија ќе го дознае утре кога ќе се одржи ждрепката во Москва.

Извор: Гол

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top