| четврток, 6 декември 2018 |

Легендата на Барселона типува: До кога Меси и Роналдо ќе го имаат врвот во светскиот фудбалски свет

Шпанецот, Карлес Пујос истакна до кога би можеле да доминираат Кристијано Роналдо и Лео Меси на светската фудбалска сцена.

Неколку години веќе, тие двајца се апсолутно несоборливи, нудат фантастични игри, освојуваат титули и се носители на големите индивидуални признанија.

Легендата на каталонскиот клуб, типува дека тие двајца ќе остнат на врвот уште неколку години, и дека би настапиле и на Мундијалот во Катар во 2022. година.

„Иако се во поодминати години, тие можат уште да понудат. Професионални се и се грижат за себе. Мислам дека ќе забележат настап и на следниот Мундијал во Катар“, истакна Пујол.

Извор: Спортски.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top