| четврток, 6 декември 2018 |

Странска координација за промена на нашето име – Хан како ехо на Атина

Прашањето за името може да се реши во првата половина на 2018. Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, како ехо на грчките предвидувања пренесени од шефот на тамошната дипломатија, Никос Коѕијас за периодот кога Атина ќе го решава нашето уставно име – коментира Алфа.

„Сега имаме прозорец на можности за до средината на следната година кога почнува изборната кампања во Грција. Се повеќе се разбира потребата дека политичко решение мора да се најде“, вели Хан во интервју за австрискиот весник „Винер Цајтунг“.

Хан ги потенцира и „многу подобрените“ односи меѓу ПЈРМ и Грција и за нив, заслужна ја смета Владата на Зоран Заев и нејзините иницијативи на тој план. Во тој однос, повеќето грчки медиуми пренесоа дека Атина ни испорачала пакет барања како предуслов за продолжување на дијалогот, во кој, меѓу другото се предвидува промена на името на аеродромот и рушење на споменици од проектот „Скопје 2014“, кои за тамошните власти претставуваат трн во окото.

И додека Хан вели дека ЕУ имала позитивна улога во надминувањето на политичката криза, во момент кога Владата на СДСМ на големо апси и прогонува екс министри, пратеници на ВМРО – ДПМНЕ, обични граѓани, истакнати уметници, единствен европски политичар кој смогна храброст да ја коментира моменталната ситуација во земјава беше словенечкиот екс премиер, Јанез Јанша.

На својот Твитер профил отворено ги потсети Хан, високата претставничка на Унијата за безбедносни прашања, Федерика Могерини, како и Стејт Департментот дека ветиле дека по промената на власта во Македонија – нема да се спроведува селективна правда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top