| четврток, 6 декември 2018 |

Полициски службеник на фејсбук со недолични коментари: Чавков ни е млада невеста

Полициски службеник на социјалните мрежи изнесува детали од Истражниот затвор во Шутка за притворениот Митко Чавков. Toj ја објавил фотографијата на една од групите на Фејсбук, а под неа во коментари изнесувал и информации за однесувањето на Чавков во притворското одделение.

Прес 24 објави дека судејќи според профилот на социјалните мрежи на полицаецотстанува збор за активист на СДСМ. Полицискиот службеник редовно објавувал содржини со политичка конотација и агитирал за сега владејачката партија преку социјалните мрежи.

МВР уште од почетокот на акцијата за приведување на осомничените за настаните на 27 април не излегло со никакви информации. Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски и денеска не одговараше на својот телефон за да даде објаснување за последниот скандал кој изби во редовите на полицијата.

И министерот Оливер Спасовски не е расположен за коментари.

Протекувањето на материјали и фотографии од и кон притворските одделенија може значително да влијае на истрагата. Ако полициски службеници можат да вадат фотографии од затворот, се поставува прашањето, зошто би имало проблем истите да им внесуваат материјали и информации на осомничените кои за да не влијаат во истрагата, судењето го чекаат во притвор.

Од друга страна, ваквиот начин на однесување на полициските службеници според правните експерти е класично попречување на истрагата што пак според Кривичниот законик на Македонија е кривично дело за кое се предвидени сериозни затворски казни.

На потег е внатрешната контрола на МВР која треба да утврди кој е полицискиот службеник кој на овој начин ја попречил истрагата и каква е неговата одговорност во овој случај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top