| четврток, 6 декември 2018 |

Најздравата намирница на светот ни е пред нос

Поточарката е растението за кое експертите сметаат дека е најздрава билка на светот. Таа е последна во долгата низа на новооткриени „супер – намирници“ кои содржат бројни хранливи и лековити состојки. Расте во области со чиста вода (во реките, потоците, изворите) и ѝ припаѓа на фамилијата на зелките.
Поточарката се смета за еден од најстарите видови на зелен зеленчук познат на човекот.
Денес е познато дека поточарката претставува богат извор на бројни витамини и минерали како што се витамините А, Ц, Е, К, минералите: калциум, калиум, манган, цинк, магнезиум и железо. Поточарката содржи бројни фитохемикалии, растителни влакна и се смета за нискокалорична супер храна. Таа може да се употребува како додаток на јадењата, во супите и соковите, но и како свежа салата. Таа е единствена билка која не може да расте во загадените области и се смета за сигурен показател на чиста природа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top