Фински научници биле вчудоневидени кога сфатиле дека со користење 4 биомаркери во телото можат да предвидат која здрава личност има најголем ризик од смрт.
„Тестот на смртта“ ја предвидува веројатноста околу тоа која здрава личност би можела да умре од било која медицинска причина во наредните 5 години.
Според прегледот на крвта во овој тест, кај луѓето чии биомаркери не биле во ред, иако не биле заболени од ништо, постоела поголема веројатност од смртен исход во период од 5 години. Овие биомаркери го одржуваат ризикот од смрт од различни видови на болести како што се болест на срцето или рак.
-Тие изгледа се знаци за општа слабост на организмот, вели доктор Јоханес Кетунен од Институтот за молекуларна медицина во Финска.
Кетунен верува дека во иднина овие мерења ќе може да се искористат за откривање на болести кај луѓе кои делуваат здраво, но всушност имаат сериозни заболувања.
Биомаркер е биолошка молекула која се наоѓа во крвта, во телесните течности или ткивата. Биомаркерот може да укаже на абнормален процес во телото, некоја состојба или болест.
Нивото на одредениот биомаркер укажува на ризикот од заболувањето на пациентот или неговата веројатна реакција при лечењето. На пример, нивото на холестерол се мери за да се утврди ризикот од срцеви болести.
Научниците проучувале примероци на крв од 17.000 здрави лица, користејќи повеќе од 100 различни биомаркери, а потоа истите луѓе биле набљудувани во наредните 5 години. Во тој период починале 684 лица од разни болести, вклучувајќи рак и кардиоваскуларни болести. Научниците откриле дека сите починати имале слично ниво на четирите биомаркери.
Тоа биле албумин, алфа-1-ацид гликопротеин, цитрат и липопротеин. Овие биомаркери се поврзани со функциите на црниот дроб и бубрезите, запаленија и инфекции, енергија на метаболизмот и васкуларното здравје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст