| четврток, 6 декември 2018 |

Прогласен најдобриот ресторан на светот

Парискиот ресторан „Ги Савој“, исто како и минатата година е на врвот на „Листата“ француската табела на илјада најдобри ресторани на светот. На „Листата“ најголем број ресторани се од Јапонија и Кина, наведуваат организаторите.

„Листата“ е составена врз основа на водичите и гастрономските критики, а „Ги Савој“ доби 99,75 од максимални 100 поени.

Потоа следат њујоршкиот „Бернардин“ и токискиот „Кјубеј“ со 99,50 поени, па париските „Ален Дикас“, „Ресторан на собранието на градот“ и други.

Како и во првите две „Листи“ Јапонија има најмногу претставници, вкупно 134, а потоа следат Кина со 123, Франција со 118 и САД до 88 ресторани.

„Листа“ постои од 215 година и се фали дека е непристрасна и објективна. Формирана е по иницијатива на француското министерство за надворешни работи, како одговор на влијанието, но и на контроверзната британска листа „50 најдобри светски ресторани“, која беше обвинета дека не игнорира француската кујна.

Составувањето на „Листа“ не е финансиски помогнато од државата, а нејзиниот алгоритам вклучува податоци од околу 550 извори, вклучувајќи ги туристичките водичи, гастрономските критики во влијателните весници, специјализираните списанија и веб-портали како што се „Трипадвајзер“ „Ла форчет“ и јапонски „Табелог“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top